• понеделник, 23 декември 2024

Поради корупција уапсен поранешниот премиер на Малезија, Мухадин Јасин

Поради корупција уапсен поранешниот премиер на Малезија, Мухадин Јасин

Куала Лумпур, 9 март 2023 (МИА) – Малезиската полиција денеска го уапси поранешниот премиер Мухидин Јасин под обвинение за корупција, соопшти државната Антикорупциска агенција.

Британските медиуми пренесуваат дека Мухидин е уапсен откако претходно бил испрашан за проектот за економско закрепнување што го започнала неговата влада.

Поранешниот премиер и неговата партија се соочија со истрага за корупција откако тој во ноември ги загубија изборите од премиерот Анвар Ибрахим.

Премиерот Анвар во ноември нареди ревизија на сите  владини проекти, вредни милијарди долари, а беа одобрени од Мухидин, вклучувајќи ги и програмите за помош за време на пандемијата на коронавирусот, со тврдење дека не биле почитувани пропишаните процедури.

Мухидин претходно ги негираше обвинувањата, велејќи дека се работи за политичка одмазда. сд/

Остани поврзан