• петок, 05 декември 2025

Поради дефект без вода центарот на Охрид

Поради дефект без вода центарот на Охрид

Охрид, 24 јули 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводната мрежа од изутринава без вода е голем дел од централното подрачје на Охрид.

Надвор од водоснабдителниот систем се корисниците на улиците „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици, како и долната зона од Стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Екипи на Јавното претпријатие се на терен каде се интервенира на отрстранување на дефектот, но оти се работи на тешко пристапен терен под објекти така што санацијата може да потрае. аб/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан