• вторник, 14 април 2026

Започнува процесот за формирање Локално собрание на млади во Берово

Започнува процесот за формирање Локално собрание на млади во Берово

Берово, 25 март 2026 (МИА) – Иницијативниот одбор за формирање на Локален младински совет при Општина Берово распиша јавен повик за членство во Локалното собрание на млади, со цел зајакнување на младинското учество во креирањето локални политики.

Повикот е отворен за младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други облици на младинско здружување кои делуваат на територијата на општината и се активни најмалку една година.

Заинтересираните субјекти треба да номинираат делегат и заменик-делегат на возраст од 15 до 29 години, кои се жители на Општина Берово, и да достават соодветна документација, вклучително портфолио, мотивациско писмо и годишен извештај за работа.

Рокот за пријавување е од 24 март до 3 април 2026 година. Апликациите ќе ги разгледува Иницијативниот одбор, со цел избор и формирање на Локалниот младински совет.

Дополнителни информации се достапни на телефон 033/470-057 или на електронската адреса so.berovo@t.mk.

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, го поддржува процесот како дел од напорите за поголемо вклучување на младите во локалната заедница. вс/

Фото: Општина Берово

Остани поврзан