• четврток, 26 декември 2024

Поради дефект без вода делови од Скопје

Поради дефект без вода делови од Скопје

Скопје, 10 ноември 2024 (МИА) - Поради дефект на два затварачи (шибер) во шахта Ф100мм на улица „Кочо Битољану“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците оваа улица број „518“ и „519“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување на работните активности.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица „30“ бр.44 - Радишани со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот до завршување на работните активности. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан