• четврток, 25 април 2024

Поради високи сметки за гас и струја времено ќе биде затворен базенот во Куманово

Поради високи сметки за гас и струја времено ќе биде затворен базенот во Куманово
Куманово, 17 јануари 2022 (МИА) - Поради зголемените цени за електрична енергија и гас, затворениот градски базен, времено нема да биде отворен за посетителите, соопштија денеска надлежните од Општина Куманово
ЈП „Чистота и зеленило“ - Куманово, кое менаџира со СРЦ „Базени“е ја информира јавноста дека затворениот градски базен Куманово времено ќе престане со работа (од 18.01.2022 година), сè до решавање на проблемот со енергетска криза во државата, посочија денеска од општина Куманово.
- Новонастанатата енергетска криза во државата со рапидно поскапување на електричната енергија кон правните субјекти и тоа до десет пати за електрична енергија и четири пати за природен гас, нè става во ситуација како ЈП да генерираме енормни загуби во секојдневното работење на овој спортски комплекс и истиот сме приморани да го ставиме вон употреба во овој зимски период, информираат надлежните.
Оттаму велат дека паузата во работењето ќе ја искористат за сервисирање на постоечката опрема и дополнително санирање на одредени градежни работи. ам/ар/

Остани поврзан