• петок, 26 април 2024

Попладнево во Крива Паланка шумски пожар во село Киселица

Попладнево во Крива Паланка шумски пожар во село Киселица

Крива Паланка,9 март 2023 (МИА) – Пожарникарите од Општина Крива Паланка денеска интервенирале на шумски пожар во селото Киселица, каде горела дабова шума.

- Денес екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка интервенираше по дојавата за пожар во село Киселица, м.в. Порешанска маала. Станува збор за шумски пожар, запалена дабова шума и нискостеблеста вегетација околу два хектари, а на интервенцијата беа упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари кои навремено успеаја да го локализираат и ликвидираат пожарот, информираат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Ова е трет шумски пожар во општината во период од две недели, екипите на ТППЕ Крива Паланка на крајот на февруари интервенирале на шумски пожар во селото Луке, м.в. Света Петка и на ул. Климент Охридски населба Скрљава, во кои опожарени се значителни површини бор и нискостеблеста вегетација.

ТППЕ Крива Паланка ги алармира граѓаните да бидат крајно внимателни во движењето на отворено и при подготовката за обработка на земјоделски површини периодов, при што, неретко од невнимание при палење стрништа доаѓа до неконтролирано ширење на огнот. ид/ир

Остани поврзан