• понеделник, 15 јули 2024

Полуфинале во двојки за Ѓорческа на фјучерсот во Лиепаја

Полуфинале во двојки за Ѓорческа на фјучерсот во Лиепаја

Лиепаја, 6 јули 2023 (МИА) – Македонско-турската комбинација Лина Ѓорческа и Чагла Бујукакчај се пласираа во полуфиналето на фјучерсот во летонскиот град Лиепаја во двојки откако денеска триумфираа над првите носителки Џеси Ромпиес од Индонезија и Оливија Тџандрамулиа од Австралија со 2-0 во сетови (7-5, 6-4).

Ѓорческа и Бујукачкај имаа целосна контрола над резултатот во текот на целиот дуел, кој траеше еден час и 17 минути.

Утре во полуфиналето ќе играат против третите носителки Џеси Ејнеј од САД и Елена Малигина од Естонија. ег/мд/

Фото: МТФ

Остани поврзан