• вторник, 16 јули 2024

Медиуми: ПСЖ ќе ги обнови преговорите со Осимен

Медиуми: ПСЖ ќе ги обнови преговорите со Осимен


Париз, 15 јули 2024 (МИА) – Францускиот фудбалски шампион ПСЖ има намера да ги обнови преговорите со Наполи за услугите на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен пишува денеска весникот „Л’Екип“.
ПСЖ првично се фокусираше да ја ангажираат грузиската ѕвезда на Наполи, Квича Кварацхелија, но тоа не може да се случи ова лето и парискиот клуб сега се насочи кон неговиот соиграч, чиј договор истекува во 2026 година.
За разлика од Кварацхелија, на Осимен му е дозволено да преговара за трансфер во друг клуб ова лето.
Откупна клаузула за Осимен изнесува 130 милиони евра.
Тимот од Париз е во потрага по замена за Килијан Мбапе, кој утре ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан