• петок, 05 декември 2025

Полска побара од Белорусија екстрадиција на двајца украински државјани, обвинети за саботажа

Полска побара од Белорусија екстрадиција на двајца украински државјани, обвинети за саботажа

Варшава, 20 ноември 2025 (МИА) - Полска побара од Белорусија да екстрадира двајца украински државјани обвинети за саботажа во корист на Русија, соопшти полското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.

Варшава соопшти дека двајцата мажи избегале во Белорусија по двете саботажи во неделата на железничката линија што води кон Украина. Во едниот од инцидентите имало и експлозија.

Барањето денеска беше упатено до белорускиот вршител на должноста амбасадор во Варшава, објави полската агенција ПАП.

Обвинителите подигнаа обвинение против двајцата мажи, идентификувани како Олександр К. и Евгениј И., во нивно отсуство. сд/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан