• четврток, 22 август 2024

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Велес, 22 август 2024 (МИА) - На влезот во Велес вчера попладне, околу 18:40 часот, полициски службеници од СВР Велес пронашле тројца мигранти од Мароко,информираат денеска од СВР Велес.

Појаснуваат дека мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, кои ги пренеле во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. ад/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан