• петок, 05 декември 2025

Џозеф Џон Диогарди и Ширли Клојс Диогарди прогласени за „Почесни граѓани“ на Општина Чаир

Џозеф Џон Диогарди и Ширли Клојс Диогарди прогласени за „Почесни граѓани“ на Општина Чаир

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Џозеф Џон Диогарди и Ширли Клојс Диогарди се прогласени за „Почесни граѓани“ на Општина Чаир. Одлуката е донесена на денешната редовна седница на Советот на Општина Чаир. 

Како што информира Општина Чаир, се работи за две истакнати личности со извонреден придонес во заштитата на правата на Албанците и нивното достоинствено претставување на меѓународната сцена.

- Со оваа одлука, Општина Чаир му оддава почит на Џозеф Диогарди – првиот Американец со албанско потекло избран во Конгресот на САД и силен поддржувач на албанската кауза, како и на неговата сопруга Ширли Клојс Диогарди, позната активистка за човекови права и заштитничка на вистината за Албанците во меѓународните институции, стои во соопштението. 

Свечената церемонија на доделување на титулата ќе се одржи на 14 јуни 2025 година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со присуство на институционални претставници, дипломатскиот кор и граѓани. мд/цр

Фото: МИА архива и Општина Чаир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан