• четврток, 09 мај 2024

Полицијата во германскиот град Нинбург застрела маж вооружен со нож

Полицијата во германскиот град Нинбург застрела маж вооружен со нож

Минхен, 30 март 2024 (МИА) - Маж вооружен со нож е убиен, а полицајка е застрелана во инцидент во северниот германски град Нинбург, јави ДПА.

Полицијата во градот во провинцијата Долна Саксонија одговорила на пријава за сомнително лице со ладно оружје.

Според Билд, мажот упаднал во станбена зграда и бил застрелан од полицијата. Службеничката за спроведување на законот била застрелана во ногата и со хеликоптер пренесена во болница. Засега нема детали за нејзината состојба. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан