• четврток, 01 август 2024

Полициски хеликоптери исфрлија над 166 тони вода врз пожарите кај Пехчево и Старо Нагоричане

Полициски хеликоптери исфрлија над 166 тони вода врз пожарите кај Пехчево и Старо Нагоричане

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици при МВР вчера дејствуваа врз пожарите во реонот на Старо Нагоричане и кај Пехчево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот Бел 412 во 28 циклуси исфрли 42 тони вода и со тоа е ставен под контрола еден од краците кај с.Малотино.

Хеликоптерот Ми 171 во текот на целиот ден, а подоцна и заедно со хеликоптерот Бел 412, а во координација со службите на терен успешно ставија под контрола еден од пожарите над селото Негрево, стои во соопштението.

Хеликоптерот Ми 171 во 30 циклуси исфрли 75 тони вода, а хеликоптерот Бел 412 во 33 циклуси исфрли 49 тони вода. нд/

 

Остани поврзан