• сабота, 11 мај 2024

Полигон за велосипеди се гради во Кавадарци

Полигон за велосипеди се гради во Кавадарци
Кавадарци, 10 октомври 2022 (МИА) - На површина од 850 квадратни метри се гради памтрак патека во Кавадарци (полигон за велосипеди), информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Уште едно предизборно ветување ќе се реализира во Кавадарци. Да потсетиме дека памтрак патеките се погодни за сите големини на велосипеди, скејтборди, ролшуи, скутери и слично. На патеката може да се возат велосипедисти од секоја возраст и техничка подготвеност. Овој иновативен принцип на движење, ја прави оваа патека атрактивна и поинаква од сите слични игралишта и спортски терени, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Изведувач на работите е Изолација ДОО Скопје.свд/

Остани поврзан