• петок, 03 мај 2024

Пожарот кај Богданци се уште активен, во гаснењето учествуваат два авиони „Ер трактор“

Пожарот кај Богданци се уште активен, во гаснењето учествуваат два авиони „Ер трактор“

Богданци, 3 август 2023 (МИА) - Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“, се засили и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

Како што посочуваат оттаму, авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а тргнат е и еден хеликоптер на МВР.

Покрај авионите „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето учествуваат и пожарникари од Гевгелија и Валандово, екипи на подружниците на „Национални шуми“ и општинското комунално претпријатие од Богданци.

Пожарот избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина. рт/бак/

Фото:принт скрин ЦУК

Остани поврзан