• петок, 22 ноември 2024

ПМФЛ: Шкупи нов лидер во првенството по победата над Воска

ПМФЛ: Шкупи нов лидер во првенството по победата над Воска

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Шкупи е нов лидер во домашниот фудбалски шампионат, откако денеска ја победи Воска во дуел од 19.коло. 

Актуелниот шампион и довчерашен лидер, Струга одигра само нерешено против Работнички во Скопје и на тој начин го предаде врвот на табелата.

Шкендија победи со минимални 0:1 во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со голот од пенал на Тотре.

АП Брера го совладаа Силекс во Кратово со 0:1 и со тоа го расипаа дебито на Александар Васовски.

Најинтересно се чини беше во Штип каде Брегалница со два гола во самиот финиш направи пресврт против Тиквеш за конечни 2:1. Кавадаречкиот тим водството го држеа се до финишот од мечот кога Ѓорѓиев погоди двапати за комплетен пресврт и многу важни бодови во борбата за опстанок.

ПМФЛ, резултати од 19. коло:

Македонија ЃП – Шкендија   0:1
Силекс – АП Брера               0:1
Шкупи – Воска Спорт            3:0
Брегалница – Тиквеш           2:1
Работнички – Струга ТЛ       0:0

Вчера:

Гостивар - Вардар                 1:1

Табела: 

Шкупи 41
Струга 40
Шкендија 38
Силекс 27
Гостивар 25
Работнички 24
Брера 23
Тиквеш 22
Брегалница 20
Воска 20
Македонија ЃП 18
Вардар 18.дс

Фото: ФК Шкупи

Остани поврзан