• петок, 22 ноември 2024

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Загреб, 7 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ.

„Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок.

Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење.

„Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан