• среда, 16 октомври 2024

Пленковиќ: Милановиќ го нарушува кредибилитетот на Хрватска во ЕУ и НАТО

Пленковиќ: Милановиќ го нарушува кредибилитетот на Хрватска во ЕУ и НАТО

Загреб, 15 октомври 2024 (МИА) – Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во Саборот изјави дека претседателот Зоран Милановиќ го поткопува кредибилитетот на земјата во Европска Унија и во НАТО.

Неговата изјава уследи откако Милановиќ не даде согласност за учество на хрватски офицери во активностите на НАТО за поддршка на безбедноста и обуката на Украина (НСАТУ). Поради тоа сега за одобрување е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот.

- Во НАТО не знаат дали Хрватска ќе остане сигурен сојузник или ќе им го сврти грбот во време на неволја. Тие не знаат дали ние сме земја што ќе и помогне на жртвата, истакна Пленковиќ.

Тој ја повика опозицијата да го поддржи учеството на Хрватска во активностите на НАТО за поддршка на безбедноста и обуката на Украина (НСАТУ). ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан