• четврток, 21 ноември 2024

Пејџ на клупата на Велс до 2026 

Пејџ на клупата на Велс до 2026 

Кардиф, 13 септември 2022 (МИА) – Досегашниот вршител на должноста селектор на Велс, Роб Пејџ, потпиша четиригодишен договор и ќе ја предводи репрезентацијата низ квалификациите за Светското првенство 2026, објави денеска Фудбалската федерација на Велс. 

Пејџ (48) го презеде селекторското место од Рајан Гигс, кој ја напушти екипата по обвинение за семејно насилство за што следната година го очекува судски процес. 

Под водство на Пејџ, репрезентацијата на Велс се пласираше во шеснаесетфиналето на Европското првенство лани, а обезбеди настап и на Мундијалот во Катар што за Велс ќе биде прво учество на мундијалите од 1958 година. 

„Нема поголема чест да ја предводиш националната репрезентација и едвај го чекам предизвикот кои ќе го донесат следните четири години, почнувајќи со нашето прво ФИФА Светско првенство во последните 64 години“, изјави Пејџ. ег/паг/ 

Остани поврзан