Инзаги пред реваншот со Баерн: Мораме да заборавиме на минатонеделниот резултат
- Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за реваншот против Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Милано, 16 април 2025 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за реваншот против Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
- Ќе биде многу тежок натпревар за нас, мора да заборавиме на минатонеделниот резултат, но не и на настапот. Ова е најсилниот противник. Мора да одиграме добро во однос на темпото, агресивноста и ставот. Треба да се обидеме да играме исто како во Минхен, задржувајќи ја топката што е можно повеќе. Ќе биде уште потешко во вториот натпревар, бидејќи тие вршат добар притисок врз своите противници, изјави Инзаги за веб-страницата на УЕФА.
Интер ќе го пречека Баерн Минхен вечер во Милано од 21 часот. Италијанскиот тим на првиот натпревар го победи Баерн на гости со 2:1.
Победникот од оваа двојка ќе игра против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА