Швјонтек прва четвртфиналистка на турнирот во Штутгарт
- Полската тенисерка Ига Швјонтек извојува убедлива победа над Јана Фет од Хрватска во второто коло на турнирот во Штутгарт.

Штутгарт, 16 април 2025 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек извојува убедлива победа над Јана Фет од Хрватска во второто коло на турнирот во Штутгарт.
Мечот што траеше 1 час и 17 минути завшри со резултат 2:0, по сетови 6:2 и 6:2.
Во четвртфиналето, втората светска тенисерка ќе игра против победничката од двојката Ема Наваро (САД, 7) - Јелена Остапенко (Летонија).
Турнирот во германскиот град се игра за награден фонд од еден милион долари. зс/
Фото: ЕПА