Арсенал по втор пат го победи Реал и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите
- Арсенал го победи Реал Мадрид во вечарашниот реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите со 2:1. Средбата се одржа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Мадрид, 16 април 2025 (МИА) - Арсенал го победи Реал Мадрид во вечарашниот реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите со 2:1. Средбата се одржа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
На голот на напаѓачот на англискиот тим Букајо Сака во 65. минута одговори со прецизен удар Винисиус Жуниор во 67. минута. Конечниот резултат го постави Габриел Мартинели во судиското продолжение.
Во 13. минута од натпреварот беше досуден пенал против мадриѓаните, кој Сака не успеа да го реализира.
Следуваше досуден пенал за Реал, но поништен по интервенција на судиите од ВАР.
Арсенал се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 5:1 и ќе игра против ПСЖ. Реал Мадрид и официјално нема да може да го брани трофејот освоен минатата сезона. зс/
Фото: ЕПА