• четврток, 30 мај 2024

Петто издание на „Литера“ под мотото „Свет со љубов“

Петто издание на „Литера“ под мотото „Свет со љубов“

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Под мотото „Свет со љубов“, од 23 до 27 мај, во Музејот на град Скопје ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“. Во петте фестивалски дена ќе има богата програма за специјализирана публика, но и низа настани наменети за сите заинтересирани посетители на различна возраст.

Една од ѕвездите на фестивалот е познатиот илустратор од Хрватска, Доминик Вуковиќ кој работеше на визуелниот идентитет на „Литера 2023“. Неговата визија за „Свет со љубов“ ќе провејува низ целиот фестивал, соопштија од „Литера“.

Годинава ќе учествуваат повеќе гости од Хрватска и од С Македонија, а планирани се многу настани: мастер класови, работилници за професионални илустратори, промоции на книги, детски работилници за литература и илустрација, читања сликовници итн. Во рамки на фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложени дела на млади македонски илустратори, што учествуваа на конкурсот што го организираше фестивалот.

Централен настан на фестивалот ќе биде конференцијата на која ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата. Неизоставен дел се наградите „Литера 2023“, кои ќе бидат соопштени и доделени на затворањето на фестивалот./

Остани поврзан