• сабота, 21 декември 2024

Петровска- Аксинте: силна осуда на рускиот напад врз Украина

Петровска- Аксинте: силна осуда на рускиот напад врз Украина
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска остварила средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. Како што напиша на нејзиниот фејсбук профил Петровска, изразиле силна осуда на рускиот напад врз Украина и се согласиле дека единството на сојузниците во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на земјите членки. - Благодарност до амбасадорката за честитките за втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО која ќе се заокружи овој месец, но и за поддршката од пријателска Романија за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, објави на фејсбук министерката Петровска. цр/са/

Остани поврзан