• петок, 22 ноември 2024

Петнаесет демонстранти се врзаа на влезот во израелскиот Кнесет

Петнаесет демонстранти се врзаа на влезот во израелскиот Кнесет

Ерусалим, 30 март 2023 (МИА) - Група од околу 15 демонстранти кои протестираа против владината политика утринава  се врзаа на влезот во Кнесетот, пренесе весникот „Џерусалим пост“.

„Место да ги решаваат проблемите на домаќинствата, да се борат да го спречат постојаното зголемување на трошоците за живот и да го обноват образовниот систем, членовите на владејачката коалиција вршат режимски упад, создаваат опасни насилни милиции, го отфрлаат законот што ќе ги штити жените и намерно не водат сите ние во граѓанска војна од лични интереси“, наведуваат демонстрантите.

Претходните недели во Израел беа обележани со масовни протести на граѓаните кои се противат на владините правосудни реформи. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан