• сабота, 11 мај 2024

Петмината американски затвореници полетаа од Техеран, двајца од иранските затвореници слетаа во Доха

Петмината американски затвореници полетаа од Техеран, двајца од иранските затвореници слетаа во Доха

Доха, 18 септември 2023 (МИА) - Катарски авион со петмина ослободени Американци и придружуван од двајца членови на семејствата, како и катарскиот амбасадор во Иран, полета денеска од аеродромот во Техеран, јавуваат британските меидуми. 

Иранската Прес ТВ објави дека двајца од петте ирански затвореници ослободени од САД, Мехрдад Моин Ансари и Реза Сархангпур, слетале во Доха, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи претходно денеска изјави дека двајца ирански затвореници ќе останат во САД на нивно барање, а еден од нив ќе му се придружи на семејството во трета земја.

-Околу шест милијарди долари ирански имот што некогаш беше замрзнат во Јужна Кореја сега е трансфериран во Катар, што беше клучен елемент во размената на затвореници, изјави портпаролот на Министерството Насер Канани на прес-конференција емитувана на државната телевизија. 

Според договорот, средствата ќе се чуваат на сметки во Катар, сојузник на САД на Арапскиот полуостров, каде има и голем американски воен објект. Средствата се дозволени за таканаречени хуманитарни трошоци, како што се храна и лекови, веќе дозволени со санкции, соопштија САД. сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан