• петок, 26 јули 2024

Пензионери од Берово и Делчево протестираа против нелинеарното покачување на пензиите

Пензионери од Берово и Делчево протестираа против нелинеарното покачување на пензиите

Берово, 4 август 2023 (МИА) - Група пензионери од Берово и Делчево денес го изразија својот револт против  нелинеарното покачување на пензиите. Пензионерите од Берово истакнаа дека се револтирани поради минималното покачување кое го окарактеризираа како срамно, напоменувајки дека цените енормно растат, а тие се исти за секој пензионер без оглед дали некој има приход од 10, 13 или 30 илјади денари.

-Сакаме слевањето во пензискиот фонд од нашите плати што  ги дававме, да биде сразмерно со работењето и долгогодишниот стаж кој го имаме и резултатите кои ги имаме постигнато како стручни лица дипломирани, работници, да имаме исти права како сите во власта. Револтирани сме со покачувањето кое е минимално и срамно зато а што сите цени енормно растат, а тие се исти за секој без оглкед дали има приход од 30.000, 10.000 или 13 000 денари. Затоа апелираме за линеарно покачување во износ од 3, 500 денари за сите, за потоа да почнат да се намалуваат разликите во пензиите и постепено да се урамнотежуваат пензиите, истакнаа Соња Ѓорговска, пензионер од Берово.

Според неа пензискиот Фонд е пореоптоварен од големите пензии, а не од малите. Исто така посочија дека од пензионерите се одбиват и по 180 денари од кои 150 денари се за погребални трошоци, а немаат увид за што се трошат останатите 30 денари. 

-Затоа најпрво бараме линеарно покачување на пензиите за 3.500 денари. Овде сме здружени од сите градови, но сакаме да ги упатиме нашите барања кои се на ниво од целата држава. Во Берово има околу 1 500 пензионери. Во најголем дел повеќето се со минимални пензии. Пример господинот е економист, заедно со сопругата работеле во приватни фирми и двајцата се со минимални пензии, додаде Ѓорѓовска.

Апелираше до сите Малешевци и сите граѓани да им ја дадат подршката, затоа што како што рекоа тоа е во интерес на сите граѓани, а не само за пензионерите.

Слилна порака на денешниот протест упатија и пензионерите од Делчево, кои бараа заложба од одговорните на Републичкото здружение на пензионери за линеарно покачување на пензиите.

-Сите пензионери во цела Македонија не сме задоволни од нашите лични пензии. Администрацијата, судиите можеа да си ја покачат платите за 78 посто, а пресметајте колку е 6 посто на пензионери со 10 илјади денари. Бараме претседателката од Скопје да инсистира линеарно да се покачи пензијата по 2500 денари, оти колку се трошоците за едните толку се и за другите, истакнаа пензионерите од Делчево. вс/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан