• недела, 22 декември 2024

Се поставува улично осветлување во село Долна Горица, општина Пустец

Се поставува улично осветлување во село Долна Горица, општина Пустец

Дебар, 25 јули 2024 (МИА) - Локалната власт на Пустец, Мала Преспа, продолжува со реализација на активности насочени кон подобрување на условите за живот на жителите на општината.

- Во тие рамки во селото Долна Горица, според предвидената динамика, во тек е поставување на ЛЕД светилки со соларни панели. Станува збор за инвестиција на Општина Пустец поддржана од албанскиот фонд за развој, информираа од општината.

Најавуваат дека ќе продолжи работата и во другите села за подобрување на уличното осветлување, а се предвидени и другит неопходни инфраструктурни зафати.

Општина Пустец ја сочинуваат девет населени места,  распослани по брегот на Преспанско Езеро.

Располага  со многу природни богатства и убавини, како и културно-историски споменици, кои привлекуваат се поголем број туристи. вт/мд/

Фото: Општина Пустец 

 

Остани поврзан