Пендаровски и Радев на заедничко чествување на Светите браќа Кирил и Методиј
- Со посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“, претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев утре заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и М
Радев изминатите два дена во Брисел учествуваше на Самитот на Унијата. Оттаму во врска со претстојната посета на Рим со Пендаровски истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка. Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања.
Бугарскиот претседател Радев вчера најави и дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро. ац/сп/