• вторник, 14 мај 2024

Педесетина спортисти од Општина Бутел добија спортски стипендии

Педесетина спортисти од Општина Бутел добија спортски стипендии
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) – Општина Бутел додели спортски стипендии на педесетина спортисти кои живеат на територија на општината. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека за прв пат во историјата на градот Скопје, една општина доделува спортски стипендии директно на спортистите. - Она што е новина и што мене посебно ме радува како спортски работник е што директно ќе ги помагаме спортистите. Станува збор за четири вида на стипендии во четири категории. Првата категорија е 12.000 денари месечно, што е една од подобрите спортски стипендии на државно ниво. Осум илјади денари месечно е втората и третата пет илјади. Четвртата категорија е наменета за младинци под 18 години од 400 евра еднократна парична помош, рече Костовски. Најави дека ова ќе стане традиција во општината. - Во тоа сум сигурен и секоја година ќе гледам да се зголемува и бројката на стипендисти и вредноста на средствата што ги доделуваме. Искрено се надевам дека овие стипендисти ќе донесат успеси исти или слични како на Шабан Трстена и Дејан Ѓорѓиевски, рече Костовски. Македонскиот таеквондо борец, Дејан  Ѓорѓиевски, кој неодамна освои олимписко сребро и кој е еден од добитниците на стипендиите, рече дека ова многу ќе им помогне на спортистите. - Прв пат во историјата се доделуваат вакви стипендии, за кои сум сигурен дека многу ќе им помогнат на сите спортисти, на каков било начин. Секако, ќе ми помогне и на мене, иако јас сум веќе стипендист на Македонскиот Олимписки комитет и таа стипендија ми помага доволно, рече Ѓорѓиевски. Златниот олимпијец Шабан Трстена, исто така, ја поздрави одлуката за доделување на овие стипендии и оценувајќи дека ова ќе им биде од огромна помош на младите спортисти да напредуваат во своите кариери. ар/бак/

Остани поврзан