• сабота, 27 јули 2024

Параолимпискиот комитет ќе ја преиспитува одлуката за Русија и Белорусија

Параолимпискиот комитет ќе ја преиспитува одлуката за Русија и Белорусија

Берлин, 27 ноември 2023 (МИА) – Иако веќе е потврдена одлуката за настап на руски и белоруски спортисти на Параолимписките игри идната година во Париз, европските Параолимписки комитети најавија вонреден состанок во март на кој уште еднаш ќе се расправа за оваа тема, јави ДПА.

Повеќе параолимписки комитети во Европа бараат уште еднаш да се проверат условите под кои е потврдено учеството на Русија и Белорусија на конгресот во Бахреин во септември

Германскиот Параолимписки комитет тврди дека, покрај гласините, сега се појавиле и пишани, како и фотографски докази за неправилности, кои мора темелно да се истражат и да се донесе одлука на вонреден конгрес.

Европските комитети, исто така, најавуваат дека е потребно да се проверат и допинг тестовите кои се направени во Русија и Белорусија, бидејќи спортистите од овие две земји долго време немаат настапи на меѓународната сцена и не се тестирани.

Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) на конгресот во Бахреин дадоа зелено светло за руските и белоруските спортисти да настапат како полноправни учесници или неутрални спортисти на Параолимписките игри идната година во Париз. ег/сд

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан