• сабота, 11 мај 2024

Папата Франциск со критики за „родовата идеологија“: Укинувањето на различностите значи укинување на човештвото

Папата Франциск со критики за „родовата идеологија“: Укинувањето на различностите значи укинување на човештвото

Ватикан, 1 март 2024 (МИА) - Папата Франциск ја нарече „родовата идеологија“ најголема опасност на денешницата, велејќи дека таа ги поништува сите разлики и ги прави сите исти.

- Укинувањето на различностите значи укинување на човештвото, рече денеска поглаварот на Католичката црква при редовната аудиенција.

– Потребно е да се фокусираме на антрополошката димензија и да се тргне од елементарната и фундаментална вистина според која „животот на човекот е повик“, истакна папата.

Тој препорачува да не се задушува „здравата внатрешна напнатост“ меѓу мажот и жената, односно повикот „на среќа, на исполнетост, на нешто големо што Бог ни го наменил“.

- Животот на секој од нас не е случајност. Нашето постоење во светот не е обична случајност. Ние сме дел од планот на љубовта и повикани сме да го реализираме за себе и за другите,  истакна папата.

Светиот Отец (87) денеска прочита само дел од своите мисли, а остатокот го прочита член на неговиот персонал. Ватикан соопшти дека папата веќе неколку дена боледува од „благ грип“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан