• сабота, 03 јануари 2026

Панел дискусија на проектот „Визијата за НАТО на младите креаторите на промени”

Панел дискусија на проектот „Визијата за НАТО на младите креаторите на промени”
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Во организација на Центарот за економски политички, анализи и консалтинг (ЦЕПАК), а со поддршка од НАТО, денеска во Скопје се одржа панел дискусија како завршна активност на проектот насловен „Визијата за НАТО на младите креаторите на промени”. Во проектот, што беше спроведен во период од 10 до 25 овој месец, беа вклучени 30-тина млади учесници, кои имаа можност да се запознаат со тековната агенда, приоритети и идните планови на НАТО. Во рамки на проектот посебно беа презентирани дел од тезите на претстојниот самит на НАТО, што ќе се одржи од 28 до 30 јуни во Мадрид, како новиот стратешки концепт што треба да биде усвоен на оваа средба на лидерите на земјите членки на Алијансата. Во исто време, младите учесници на овој проект како идни лидери на нашата држава, имаа можност да ги споделат и сопствените визии и очекувања како за земјава како членка на НАТО, така и за идните очекувања од самата Алијанса. сп/

Остани поврзан