• четврток, 06 март 2025

Панел дискусија „Младост, ум и депресија“

Панел дискусија „Младост, ум и депресија“

28 февруари 2025 

Во организација на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, а во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Славјанскиот универзитет - Свети Николе, вчера, на 27. 02. 2025 година со почеток во 12: 00 часот во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа панел дискусијата „Младост, ум и депресија“.

Панел дискусијата со свое обраќање ја отвори Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска, истакнувајќи го значењето на темата за нашето време.

На настанот присуствуваа голем број на гости од научната фела, студенти, преставници на верските заедници и религиозните групи во државата.

Панел дискусијата со своето присуство ја збогатија: деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов, деканот на Факултетот за исламски науки, проф. д-р Абдулџемил Несими, како и доц. д-р Мартин Ѓоргиев од Меѓународниот Славјански Универзитет. 

Панелисти на дискусијата беа: проф. д-р Анета Јовковска од Православниот богословски факултет, проф. д-р Ана Чучкова од Меѓународниот Славјански Универзитет и м-р Арбер Кадриу, консултант по клиничка психологија. Сите тие се познати по своето долгогодишно искуство и експертиза во своите области.

Модератор на настанот беше Димитар Петрески – претседател на студентскиот сојуз при Православниот богословски факултет во Скопје.

На панелот посочените експерти заедно со студентите  ја разгледаа темата од различни перспективи – психологија, христијанска педагогија, гешталт терапија и теологија.

Овој настан се фокусираше на проблематиката на депресијата, која во последната деценија бележи забележлив раст, особено меѓу младата популација. 

КОВЗРГ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан