• вторник, 02 јули 2024

Палестинците бегаат од Рафа на 76-годишнината од Накба

Палестинците бегаат од Рафа на 76-годишнината од Накба

Газа, 15 мај 2024 (МИА) - Десетици илјади цивили продолжуваат да бегаат од градот Рафа, на југот на Појасот Газа, денеска кога Палестинците ја одбележуваат годишнината од Накба (катастрофа, преведено од арапски), по повод создавањето на Израел во мај 1948 година.

Во текот на ноќта продолжиле израелските бомбашки напади во центарот на Рафа и источно од градот на границата со Египет.

На Рафа, каде што се наоѓаат голем број раселени Палестинци и се заканува голема израелска офанзива, додека во градот Газа, на северот од територијата, најмалку пет лица загинаа синоќа во два израелски воздушни напади.

-За време на Накба, околу 760 илјади Палестинци побегнаа или беа протерани од своите домови во соседните земји или територии, соопштија ОН. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан