• петок, 26 јули 2024

Пад од шест места за Ѓорческа на ВТА ранг-листата

Пад од шест места за Ѓорческа на ВТА ранг-листата

Лондон, 4 март 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241. место со 312 поени или седум помалку од претходната недела.

Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска бележи прогрес од осум позиции. Таа е рангирана на 1203. место со девет поени.

На АТП ранг-листата минимални промени за македонските тенисери. 

Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место и се наоѓа на 360. место со 137 поени.

Горазд Србљак има пад за една позиција и со 10 поени се наоѓа на 1069. место, додека Обрад Марковски има скок од три места и сега е рангиран на 1609. место со два поена. зс/

Остани поврзан