• недела, 22 декември 2024

О’Брајан: Нема руско мешање во изборите во 2020 година

О’Брајан: Нема руско мешање во изборите во 2020 година
Вашингтон, 24 февруари 2020 (МИА) - Советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан изјави дека не видел „никакви докази“ оти Русија работи на тоа да помогне во реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Гласот на Америка. Тој, сепак, потврди дека не побарал разузнавачки извештаи за наводна вмешаност на Москва во американските избори годинава. Минатата недела се дозна дека американски разузнавачки служби го известиле Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, раководен од демократите, дека Русија работи на тоа Трамп да биде реизбран за втор мандат, откако разузнавачите на САД потврдија дека тоа се правело на изборите во 2016 година. Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој е фаворит во демократската трка за номинација за претседателски кандидат, синоќа потврди дека бил информиран од разузнавачите дека Русија, исто така, се меша во неговата кампања, со цел да биде номиниран за претседателски кандидат од Демократската партија. Според познавачите, тоа е со цел да се направи уште поголем раскол во и така политички наелектризираното американско општество, а врз основа на теориите дека Сандерс, како прокламиран демократски социјалист, би бил најлесен ривал на Трамп на претседателските избори годинава, што гарантира негов реизбор за втор мандат. кб/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан