• четврток, 19 декември 2024

Откриен кокаин кај кумановец, поведена истрага

Откриен кокаин кај кумановец, поведена истрага

Скопје, 14 април 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово, била пронајдена наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 6,8 грама. Осомничениот ја набавил дрогата наменета за натамошна препродажба, ја препакувал во девет помали пакувања и ја чувал во домот заедно со дигитална вага, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Но, како што велат од ЈО, предлогот не бил прифатен и судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице.​ дма/цр/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан