• сабота, 22 јуни 2024

Отворена изложба на фотографии „Украина:Воено злосторство“

Отворена изложба на фотографии „Украина:Воено злосторство“

Скопје,13 јуни 2024 (МИА) - Во рамки на програмата за работа за 2024 година на Фондациите Отворено општество Западен Балкан, отворена е изложба на фотографии „Украина: Воено злосторство“. Изложбата е изведена од истоимената книга објавена од FotoEvidence, која вклучува повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија. Овие храбри фоторепортери ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасните вистини на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот, информираат од Фондацијата Отворено општество Западен Балкан.

Изложбата пристигна во Скопје од Приштина, а претходно била прикажана и во Тирана. Ќе биде прикажана и во други земји на Западен Балкан, а најпрво во Белград.

Воведни обраќања имале Анди Добруши, регионален директор на Фондациите Отворено општество Западен Балкан, Светлана Бачеванова, кураторка на изложбата, и Кристофер Окиконе, фото-репортер.

- Сликите се многу силни. Изложбата е различна од она што сме правеле на други места. Има три просториии, војната, жртвите и третиот посветен на  љубовта. Тие фотографии покажуваат отпорност на една акција, бидејќи иако гледаме страдање, болка, војна и нејзините ефекти, луѓето на Украина наоѓаат сила. Овие  фотографиите  зборуваат за војната во Украина, потенцира Добруши.

Бачеванова, кураторка на изложбата појаснила дека често луѓето ја прашуваат зошто го прави ова, мислејќи на работата која FotoEvidenceја прави за изложбата и книгата.

-Се работи за тоа, да не заборавиме што се случува, ова е војна и важно е да се каже низ што поминува Украина. Се надевам дека луѓето ќе дојдат и ќе ја видат вистината, работата на 93 фото-репортери, вели Бачеванова.

Кристофер  Окиконе, фото-репортер на присутните им се обратил со зборовите: Ве молам погледнете околу себе и кажете - како се оправдува бомбардирањето, како се оправдува убиството?

-И потоа обидете се да разберете и да ја чувате Украина во вашите срца.Еден мој пријател, во своите 50-ти, ги виде фотографиите и го видов како плаче, а потоа праша: “Зошто сакаат да не убијат?” Единственото објаснување што го имав беше дека тие се обидуваат да го истребат украинскиот народ, а овие фотографии ја раскажуваат приказната, па сакав да кажам, ако можете да ја споделите приказната со вашето опкружување, ве молам направете тоа, за повеќе луѓе да знаат што се случува, потенцирал Окиконе.

На изложбата се прикажани фотографии од војната во Украина и  книгата со истото име „Украина: Воено злосторство“ и сведоштва од неколку жители од воените зони.

На изложбата и претходела  панел дискусија во Мала станица Скопје. Говорници на панел дискусијата биле кураторката на изложбата Светлана Бахчеванова и фотографот на Њујорк Тајмс, Кристофер Окиконе, а била модерирана од Артан Садику.ад/са/

 

Остани поврзан