• петок, 22 ноември 2024

Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“ во Илинден

Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“ во Илинден

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Во Општина Илинден вечер почнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Троица“, на кој ќе учествуваат гости од Украина, Романија, Молдавија, Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“, АНПИ „Илинден“, ФА „Седенка“ и ансамбл „Ѓорче Петров“.

Фестивалот вечер ќе почне со фестивалско дефиле пред ПОУ „Гоце Делчев“ во Илинден со сите учесници по улицата 2, до Домот на култура „Илинден”, каде што ќе се одржи концерт.

-Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување меѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци, соопштија организаторите.бт/са/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан