• недела, 22 декември 2024

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева вечер, во 18 часот, ќе биде отворена во Францускиот институт во Скопје. 

Изложбата ја организираат Францускиот институт во Скопје со поддршка на Амбасадата на Шпанија. 

-Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, веќе организираше модна ревија во Музејот на Град Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации, продолжуваме со омаж на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година, соопштија организаторите. мд/аа/

Фото: Француски институт во Скопје

Остани поврзан