• четврток, 26 март 2026

Средба на министерката Божиновска со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман Марти

Средба на министерката Божиновска со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман Марти

Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска остварила работна средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Вероник Хулман Марти.

На средбата, како што соопштија од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, се разговарало за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и техничката поддршка за реализација на стратешки проекти. Министерката Божиновска ја истакнала важноста на швајцарската поддршка во процесот на енергетска транзиција и ја изрази благодарноста за досегашната соработка.

- Соработката во енергетиката е клучна за одржливиот развој на нашата земја. Веруваме дека преку заеднички проекти ќе обезбедиме почиста енергија и подобар квалитет на живот за граѓаните, изјавила Божиновска.

Амбасадорката Хулман Марти ја нагласила подготвеноста на Швајцарија да продолжи со поддршка на реформските процеси во енергетскиот сектор и да придонесе кон зајакнување на институционалните капацитети. Таа исто така ја истакнала важноста на партнерството во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

- Двете страни се согласија дека идната соработка ќе се фокусира на заеднички проекти кои ќе придонесат за одржлив економски развој и енергетска безбедност на Македонија. Оваа средба претставува потврда на силното партнерство меѓу Македонија и Швајцарија и заедничката заложба за унапредување на енергетскиот сектор во согласност со европските стандарди, се вели во соопштението од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. цр/aa/

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

 

 

Остани поврзан