• понеделник, 29 април 2024

Остин побара од Галант да ги извести САД пред секој потенцијален одговор на иранскиот напад

Остин побара од Галант да ги извести САД пред секој потенцијален одговор на иранскиот напад

Вашингтон, 14 април 2024 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин побара од својот израелски колега, министерот Јоав Галант, да ги извести САД пред каков било потенцијален одговор на иранскиот напад, соопшти американски официјален претставник.

Двајцата министри телефонски разговараа неколку часа откако Иран лансираше огромен број дронови и проектили кон Израел.

Галант го информирал Остин за досегашните одбранбени операции на Израел и нагласил дека Израел е подготвен за какви било дополнителни напади. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан