• сабота, 27 јули 2024

Османи ќе се обрати на завршната сесија на Паралелната конференција за граѓанско општество

Османи ќе се обрати на завршната сесија на Паралелната конференција за граѓанско општество

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи Паралелна конференција за граѓанско општество што го одбележува крајот на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

Министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи ќе се обрати во 18 часот на завршната сесија посветена на Декларацијата која претставува официјален документ и патоказ за понатамошна соработка меѓу ОБСЕ и граѓанските организации со конкретни заложби и насоки за нивно спроведување.

Покрај министерот Османи, на конференцијата ќе се обратат и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид, претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми Тереза Рибеиро, директор на ОБСЕ/ОДИХР Матео Мекачи, високиот комeсар на ОБСЕ за национални малцинства Каират Абдракхманов и Маргарета Цедерфелт од Парламентартното собрание на ОБСЕ. бак/са/

Фото: МИА

Остани поврзан