• среда, 15 мај 2024

Османи пред студентите на „Јеил“: Суштината на ОБСЕ е дијалогот 

Османи пред студентите на „Јеил“: Суштината на ОБСЕ е дијалогот 

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Северна Македонија преку организирањето на претстојниот Министерски совет се залага да ја врати суштината на ОБСЕ, а тоа е дијалогот, како предуслов за компромис и консензус, рече претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во предавањето пред студентите од американскиот „Јеил“ Универзитет.

Предавањето пред студентите по меѓународно право/прашања, беше на тема иднината на ОБСЕ. 

Преку видео врска, Османи истакна дека времето во кое живееме, полно со безбедносни предизвици и непредвидливости, ја наметнува неопходноста за постоење на организацијата како што е ОБСЕ.

-Јас сум дел од луѓето што сметаат дека во случај да го немавме ОБСЕ, навистина ќе ни требаше да го создаваме, истакна министерот и ги образложи предизвиците со кои се соочува Организацијата поради немање консензус меѓу земјите учеснички.

Како што потенцира Османи, ОБСЕ, „како и секоја институција, не е цел сама по себе, туку средство и инструмент кој служи за постигнување на целта“. мч/лв/

 

Остани поврзан