• понеделник, 23 декември 2024

Општина Ѓорче Петров овозможува бесплатен транспорт до болниците за повеќе категории лица

Општина Ѓорче Петров овозможува бесплатен транспорт до болниците за повеќе категории лица

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија за сите болни, немоќни, изнемоштени и социјално ранливи-категории на лица овозможува бесплатен транспорт до здравствените установи, доколку лицата имаат закажано претходно термин за лекарски преглед.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и секретарот на Црвениот крст, Сузана Тунева Пауновска денеска го потпишаа договорот за бесплатно користење на возилото.

-Корисникот кој има потреба од превоз може да се јави на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот. При закажување на термин потребно е да се дадат целосни податоци. Лицето кое треба да е жител на општина Ѓорче Петров има право на бесплатен превоз финансиран од страна на општината во еден правец, максимум 4 пати во текот на 1 година, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Ова, како што е наведено во соопштението, е една од мерките во соработка со Црвениот крст преку која општината ги подобрува социјалните услуги за граѓаните и една од мерките која е планирана за годинава во рамки на социјалниот план на Општина Ѓорче Петров за 2023 година. дма/

 

Фото:  Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан