Општина Штип ја чека одлуката на Владата за општинската обврзница
- Министерството за финансии даде зелено светло за првата општинска обврзница, која ја побара Општина Штип. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека денеска ја чекаат седницата на Влада, на која
Штип, 23 ноември 2022 (МИА) - Министерството за финансии даде зелено светло за првата општинска обврзница, која ја побара Општина Штип. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека денеска ја чекаат седницата на Влада, на која се очекува и тие позитивно да се изјаснат. Тој појаснува дека со првото вакво задолжување на една општина во земјава ќе се издадат 8.000 обврзници, со што општината ќе добие четири милиони евра.
- Она што нам ни одговара е кога е фиксна каматната стапка во време на инфлација, инфлацијата може да биде поголема од каматната стапка и со тоа на долг рок општината да има бенефит. Тоа е разликата помеѓу обврзницата и кредитот, вели Јорданов.
Со оваа обврзници Општина Штип ќе го доизгради булеварот „Партизанска“ од Автомото друштвото до населбата Баби, потоа довршување на обиколницата од новиот кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“ до населбата Ново Село, доизградба на конзолите на река Отиња, со што ќе се реши сообраќајниот хаос во централното градско подрачје, но со овие средства во услови на енергетска криза ќе се постават и фотоволтаици на општинските објекти.
-Ќе направиме фотоволтаични централи и мала хидроцентрала со турбина во ЈП„Исар„затоа што формиравме претпријатие кое ќе произведува струја . И со средствата што ќе ги прибереме бидејќи истата оваа струја ќе се продава на слободниот пазар ќе се сервисираат ратите и ќе се плаќа обврзницата којашто ќе биде издадена, рече Јорданов.
Купувачите на општинските обврзници можат да бидат домашни и странски физички и правни лица. Понудата ќе биде успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудентите обврзници. Министерството за финансии даде согласност,а вечер Владата треба да донесе одлука, по што ќе започне и постапката за продажба и купување на обврзниците. вдј/