• вторник, 22 октомври 2024

Општина Струмица и полицијата со заеднички проект за безбеден град

Општина Струмица и полицијата со заеднички проект за безбеден град

Струмица, 22 октомври 2024 (МИА) - Општина Струмица и полицијата иднината година треба да почнат да го реализираат проектот „Струмица безбеден град“, кој беше избран како приоритетен на Форумите на заедниците.

Според градоначалникот Костадин Костадинов камери ќе бидат поставени насекаде низ градот.

-Јас сум благодарен што и СВР Струмица ја прифаќа таквата иницијатива, бидејки без мониторинг на безбедноста нема да се постигне вистинската цел. Во 2025 година низ цела Струмица, низ паркот ќе има камери со цел да ги надминеме и да ја лоцираме таа мала група на струмичани, кои за жал ја вандализираат Струмица, ги палат контејнерите и се надевам дека преку овој систем ќе го анулираме тој криминал, рече Костадинов.

Секторот за внатрешни работи Струмица соопшти дека го поздравува прифаќањето на иницијативата која била дадена од страна на началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов на одржана средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов за поставување на камери за видеонадзор на подрачје на градот. 

-Со реализацијата на проектот „Струмица безбеден град“ преку системот кој ќе го управува полицијата ќе се врши мониторинг на подрачјето, со што ќе се придонесе за спречување на различни облици на криминал и девијантни однесувања, а со тоа ќе се зголеми безбедноста на граѓаните и нивните имоти на подрачјето на Струмица, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Инаку, пректот „Струмица безбеден град“ доби најмногу гласови на Форумот на заедниците со што e прворангиран и е приоритетен за реализација идната година. рт/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан