Општина Струга се вклучува во Генералка викендот
- Oпштина Струга се вклучува во настанот „Генералка викенд“ што в петок ќе се одржи низ цела држава.
Струга, 6 мај 2025 (МИА) - Oпштина Струга се вклучува во настанот „Генералка викенд“ што в петок ќе се одржи низ цела држава.
Акцијата, како што соопшти Општина Струга, ќе се реализира на крајбрежјето на Охридското Езеро, кејовите на реката Црн Дрим и Паркот на поезијата.
- Ги повикуваме сите граѓани на Општина Струга, според своите можност, да се приклучат на Генералка викендот и заедно да го исчистиме градот, посочуваат од Општината.
Настанот, како што е наведнео, е под покровителство на Man and Mountain, Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе Банка, Костал, ЕВН, Бучим, Saubermacher и Црвен Крст, поддржани од министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина. сс/мд/
Фото: Општина Струга