• петок, 22 ноември 2024

Општина Пехчево доби средства за инвестирање во постојните водоснабдителни објекти

Општина Пехчево доби средства за инвестирање во постојните водоснабдителни објекти

Пехчево, 25 август 2023 (МИА) - Општина Пехчево доби средства за инвестирање во изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти.

Првичните активности, како што информираа од Општината, предвидуваат градежни работи на доводниот цевковод на постоечката филтер станица.

- Како дел од реализацијата на овие активности деновиве градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, потпиша договор со фирмата МИНТ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ, Скопје, фирма изведувач на градежните работи за реализација на проектот „Поврзување на доводен цевковод со филтер станица во Пехчево со постоечки таложник и реконструкција на таложник“, информираа од Општината.

Вредноста на проектот е 2.029.087,00 денари, средства обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Средствата се доделени врз основа на доставена апликација од страна на Општина Пехчево, согласно Програмата за управување со водите за 2023 година, дел III став 1 – „Изградба на нови и одржување и унапредување на постојаните јавни водоснабдителни објекти“, додадоа од Општината 

Градежните работи за реализација на гореспоменатиот проект како што додадоа ќе бидат отпочнати во текот на наредната недела. вс/ар

Фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан